Сутерен.мк

Мила и Ештон не се бањаат!

На неодамнешниот настап на Си – Ен – Ен, славната холивудска двојка Мила Кунис и Ештон Качер изјавија дека не се баш по туширањето!

„Немав топла вода додека растев, па не се туширав многу и пред ова“, изјави Мила и додаде дека ниту децата (шестгодишниот Вајат и четиригодишниот Димитри) не ги капат баш често.

Со „оправдување“ дека секојдневната употреба на сапун ги уништува природните масла од кожата, Качер и Кунис го образложија својот систем: пазувите и препоните ги мијат секојдневно, на лицето фрлаат два пати дневно по некоја капка вода, а децата ги мијат кога ќе видат дека се валкани.

Ете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *