Сутерен.мк

СЗО против електронските цигари!

„Бидејќи е забележан падот на продажбата на цигарите, тутунските компании агресивно ги промовираат новите производи како Е – цигарите и слично и лобираат кај владите за менување на постоечките прописи. Нивната цел е едноставна: да придобијат нови генерации на зависници од никотин, а тоа не смееме да им го дозволиме“, се вели во заедничкото соопштение на Светската здравствена организација и фондацијата „Блумберг филантропија“.

Електронските инхалатори на никотин е еднакво опасен како и пушењето на класичните цигари, само што во Е – цигарите замката е во различните вкусови (а ги има дури 16 илјади!), па најчесто младите, полесно се навлекуваат на нив.

Владите би требало да превземат соодветни мерки за да ги заштитат своите жители од опасностите од новите„лажги“ и особено да направат се, за ја спречат нивната употреба од страна на децата, адолесцентите и останатите здравтсвено чувствителни групи, се вели во извештајот.

Покрај штетноста на никотинот, СЗО предупредува и на опасностите што сериозно демнат и од другите состојки во електронските цигари, кои се забранети во 32 земји, а 79 усвоиле барем една мерка за ограничување на нивната употреба.

Наспроти ова, дури во 84 земји се уште се рекламира продажбата на овој вид зависност!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *