Сутерен.мк

Митовите за Шекспир!

Ликот и делото на бардот на светската книжевност го следат бројни теории на завери, а овие се најпопуларните…

Сонетите му се посветени на маж

Според професорката Лени Орлин од универзитетот во Џорџтаун, Шекспир пишувал сонети и за жени и за мажи. Таа вели дека сонетите не се љубовни писма што некој ги пронашол на таванот, па сега ќе разглаба за кого се наменети?!

„Тоа се песни, но не е потврдено дека Шекспир бил инспириран исклучиво од својот интимен живот! Им се обраќал и на млади жени, но и на млади мажи. Сепак, нема причина да се верува дека тие ликови навистина и постоеле!“ – вели Орлин.

Ја мразел сопствената жена

Во 19 – от век било врежано мислењето дека Шекспир ја мразел сопствената жена, а причината за тоа е што Ен е спомената само еднаш во неговиот тестамент и тоа наводно, на погрден начин.

Имено, тој и го остава само брачниот кревет, алудирајќи на нејзината неверност, но таа секако, по неговата смрт наследува третина од неговото наследство. Ен Хатавеј потоа изјавила дека Шекспир и тоа како добро знаел дека таа ќе биде одлично згрижена по неговата смрт, така што изјавата ја припишала на неговиот незгоден темперамент.

Бил необразован

Иако го посетувал училиштето во родниот Стратфорд на Ејвон (Авон) што го посетувале сите момчиња чии татковци биле угледни трговци од градот, Шекспир подоцна не го продолжил школувањето.

Сепак, во тоа време и основното образование било засновано на латинско и базирано на строги правила. Но, бидејќи Шекспир е роден во провинција, никогаш не му било признато дека добил и класично образование.

Некој друг го напишал сето тоа

Се до 19 – от век не постоело ни најмало сомневање дека Вилијам Шекспир не е автор на своите дела!

Одненадеж се појавува една Американка по име Делиа Бакон која решила да лансира друга теорија и разгласува дека сер Френсис Бекон, англиски филозоф, правник и државник е всушност, вистинскиот автор?!

Иако успеала да ги здрма книжевните кругови и јавноста, теоријата не преживеала долго, бидејќи во меѓувреме се појавени уште 80 кандидати, потенцијални автори на шекспировите дела, меѓу кои и кралицата Елизабета Прва?!

Очигледно има многу љубоморни што им пречи дека и четири века по нивното создавање, делата на Шекспир се уште се читаат и изведуваат. Е, тоа се вика континуиран квалитет…

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *