Сутерен.мк

Младината ни е анксиозна

Младите во Македонија лани почесто оделе на лекар во однос на 2021 година, покажува најновиот извештај на ИЈЗ. Во 2022-ра биле реализирани речиси 900.000 здравствени услуги на лица од 5 до 24 годишна возраст, што е за 11,4 индексни поени споредено со годината претходно. Во анализата евидентирано е и зголемување на посетите кај психолог и логопед.

Дека се зголемува бројот на младите со нарушено ментално здравје покажува и студијата спроведена на Клиниката за психијатрија. Во нивните амбуланти се почесто можат да се сретнат адолесценти заедно со членови на нивните семејства кои исто така имаат здравствени проблеми.

– Со изразена анксиозност и депресивна симптоматологија, со мислења на самоповредување, на насилство, посебно семејно насилство, изјави д-р стојан Бајрактаров, директор на Клиниката за психијатрија.

Според Бајрактаров ваквата состојба со зголемено нарушено ментално здравје секогаш е резултат после кризите.

– Влијае Ковид кризата, општествените текови карактеристични за после криза, економската криза. Влијае новиот стил на живеење, дигитализацијата, влијанието на социјалните мрежи, зголемениот процент на семејно насилство не само кај нас туку и секаде во светот и се очекува оваа состојба да потрае, вели д-р Бајрактаров.

Освен за проблеми со менталното здравје младите на лекар најчесто оделе поради респираторни проблеми, болести на кожата и инфективни заболувања.

Минатата година регистрирани се и 105 смртни случаи на деца и млади од 5 до 24 години.

Од друга страна пак истражувањето на ИЈЗ покажува дека има недостиг на кадар во училишните амбуланти. Во оваа дејност работат 65 лекари и 83 сестри. Според ова 1 доктор треба да се грижи за 5.500 ученици.

 

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *