Сутерен.мк

Младите не и веруваат на Македонија

Младите немаат доверба во системот, не се доволно платени, немаат добар социјален живот, ниту пак понуда на културни настани, посебно оние во внатрешноста од држвата. Велат, ова се основните причини за масовно иселување на младата популација, тренд кој не запира со години наназад. На Меѓународниот ден на младите тие бараат здрави политики и стратегии, ангажман на целото општество да се допре до младите, да се слушне нивниот глас и проблемите со кои се соочуваат

-Младите се иселуваат поради не функционалноста на системот и недовербата на институциите, барем тоа е она што укажуваат во постојаната комуникација. Потоа нископлатената работна сила, добриот стандард кој што тука не можат да го имаат, тука е понудата на социјален живот, култура, спорт, односно сметаат дека немаат добра понуда, вели Ивана Атанасовска, претседател на Локален младински совет на Општина Битола.

Самите за себе велат дека се апатични, младинскиот активизам е препуштен на похрабрите. Оние што остануваат дома веруваат во промени, но, се поголем е бројот на младите кои по секоја цена сакаат да ја напуштат Македонија.
-Младите имаат недоверба и се апатични, не веруваат дека би настанале промени. Оние кои остануваат имаат надеж дека би имало подобро утре и подобар начин на живот, но сметам дека има се помлаку доверба за да се остане и да се живее во оваа држава, вели Атанасовска.

И државната Статистика во очи Меѓународнито ден на младите излезе со поразителни бројки за нивното иселување. Помеѓу двата пописа од 2002 и од 2021 година од Македонија се ислелија 77 илјади млади луѓе, фрапантна бројка, или за споредба колку еден град со големина на Битола.

Во анализите „Младите и пописот на населението“ се наведува дека земјата се соочува со голема младинска емиграција и проблем со задржување на младото население. Според пописот во 2002, младите сочинувале 24 проценти од вкупното населние, додека во 2021 сочинувале 18 проценти. Сите општини ги губат младите, а најголем тренд на иселување има во Аеродром, Маврово и Ростуше, додека само Липково има пораст од 2 проценти.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *