Сутерен.мк

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Русија не го признава Меѓународниот кривичен суд и смета дека неговите одлуки се правно ништовни.

Оваа изјава доаѓа како одговор на таа институција која издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин.

Песков рече дека Русија ја смета денешната одлука на судот со седиште во Хаг за „безобразна и неприфатлива“.

Во врска со одлуката на Меѓународниот кривичен суд, портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, го повтори ставот на Москва дека не ја признава таа институција.

Меѓународниот кривичен суд во Хаг објави дека распишал налог за апсење на Путин, под обвинение за воени злосторства поради неговата можна вмешаност во киднапирањето деца од Украина.

Судот наведе дека Путин е осомничен за „воено злосторство илегална депортација на населението (децата) и нелегално преселување на населението (децата) од окупираните територии на Украина во Русија.

Во соопштението, судот наведе дека „постојат оправдани причини да се верува дека г-дин Путин сноси индивидуална кривична одговорност“ за киднапирања деца „бидејќи ги извршил овие дела директно, заедно со други и/или преку други, и затоа што ги сторил не врши соодветна контрола врз подредените цивили и војници кои ги извршиле тие дела“.

Европската унија секогаш ставаше јасно до знаење дека одговорните за незаконската агресија врз Украина мора да бидат изведени пред лицето на правдата, изјави вечерва во Скопје високиот претставник на ЕУ за надворешни политика и безбедност Жозеп Борел, коментирајќи го издадениот налог на Меѓународниот кривичен суд за апсење на рускиот претседател Владимир Путин.

– Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на претседателот Путин за воени злосторства, за депортација и трансфер на деца од окупираните области на Украина во Русија. Меѓународниот кривичен суд наведува дека постојат разумни основи да се верува дека Путин сноси индивидуална одговорност за овие злосторства. Тежината на злосторствата и изјавата на МКС говорат сами за себе. Ова е важна одлука на меѓународната правда и за народот на Украина, истакна Борел по средбата со претседателот Стево Пендаровски во вила „Водно“.

Борел посочи дека ова прашање на Меѓународниот кривичен суд е само почеток во процесот за барање одговорност од Русија и нејзиниот лидер за злосторствата и злоделата што ги вршат во Украина.

– Европската унија ја цени и поддржува работата на Меѓународниот кривичен суд и неговата истрага. Не може да има неказнивост, рече Жозеп Борел.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *