Сутерен.мк

Навивачите на Мундијалот се во опасност

Експертите предупредуваат на грип од камили за време на Светското првенство, тешко респираторно заболување кое може да го донесат дома навивачите кои се враќаат од Катар.

Навивачите се советуваат да внимаваат на симптомите на грип, кои вклучуваат треска, кашлица и повраќање.
Камилскиот грип, попознат по кратенката МЕРС, е вид на коронавирус кој може да се зарази преку близок контакт со камили, објави британската агенција за здравствена безбедност, предупредувајќи ги лекарите да внимаваат на можноста навивачите да се вратат од Светското првенство со знаци на болеста, пишува „Дејли мејл“.

Оваа агенција излезе со соопштение, во кое се наведува дека ризикот од инфекција е мал, но дека треба да се внимава, а повеќе од една третина од заразените пациенти наводно починале.

„Лекарите и јавноста треба особено да бидат предупредени за можноста од МЕРС кај патниците кои се враќаат од Светското првенство. Ризикот од инфекција за жителите на Обединетото кралство е многу низок, но може да биде поголем кај оние кои се изложени на специфични фактори на ризик во регионот – како што се камилите. „МЕРС може да се добие од близок контакт со камили или со консумирање производи од камили, на пример, непастеризирано млеко од камила“, се вели во соопштението, во кое се споменува и можноста за пренесување од човек на човек.

Помеѓу април 2012 година и октомври 2022 година, имало 2.600 случаи во 12 земји, а од нив починале 935 лица.

Некои пациенти со МЕРС не покажале симптоми, додека други страдале од треска, кашлица, отежнато дишење, дијареа и повраќање.

Специфичен лек за оваа болест не постои, а се прават напори за ублажување на симптомите.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *