Сутерен.мк

Сексуално образование

Алисон Реј работи во индустријата за возрасни речиси седум години, по ново ја има и на ОнлиФанс и плус на ТикТок споделува занимливости и едукативни материјали околу работното место. Кога веќе не одобруваат поштено сексуално образование, ќе мора да се снаоѓаме вака

На ТикТок неодамна стана вирална заради информациите што ги споделува, со користење „корн“ наместо „порн“ за да не добие бан.

Од интересности, вели дека кога на слика или кадар од видео ќе видите жена со бела течност на лицето, најчесто е Цетафил – чистач за лице, а не „правата ствар“.

„Многу од нас почнале да гледаат порно на премлада возраст и тоа ни дало нереални очекувања за сексот и сексуалните партнери. Целта ми е да ги едуцирам луѓето за што е нормално, а што се прави заради естетика. Сексуалното образование во Америка е срамно недоволно и преголем број на малолетници учат од неадекватни платформи како ПорнХаб и не разбираат каде се границите меѓу фантазијата и реалноста. Мислам дека е време да го смениме тоа,“ вели таа.

Смета дека луѓето се уверени дека изведувачите користат супстанци или се „премрзливи за нормална работа“, особено затоа што мислат дека нивната работа е само да лежат и да „примаат удари“.

„Напротив, некои од успешните колеги се меѓу најтрудољубивите што ги познавам,“ објаснува Реј. „Ангажманот е речиси 24/7, ако земеш предвид колку нова содржина мораме да пуштаме секој ден, да ги занимаваме следачите, да снимаме, монтираме и да ја качуваме таа содржина, да смислуваме нови идеи, да разговараме со претплатниците секој ден на ОнлиФанс… И тоа е само површината на задачите што ги имаме секој ден. Добра работна етика мора да се има ако сакаш да бидеш успешен изведувач.“

Раскажува дека многу од мажите земаат Вијагра за да бидат нонстоп спремни, но се случувало и покрај Вијаграта да не може да се заврши работа. Во раков случај, сите си одат дома и никој не добива пари што седел цел ден и чекал.
„Сексуалните работници сè повеќе се дискриминирани на социјалните мрежи поради самиот факт што постојат,“ вели таа.

„На ТикТок правилата се дека сексуално експлицитни содржини се забранети, а исклучоци се прават за едукативни намени. Многу од моите едукативни видеа се симнати и ме одбиваат кога ќе поднесам жалба. Некои други актерки ги губат безопасните профили заради името и професијата. Во меѓувреме, на инфлуенсерите им е дозволено да објавуваат голотија на Инстаграм, без разлика дали е едукативна или не.“

Како човек што сите би сакале да го имаме во училишниот систем, вели:
„Цензурирањето на дискусијата за секс не прави ништо освен што им ги скратува на луѓето информациите што им се потребни и прави повеќе штета отколку добро затоа што потребата за одговори не ја снемува. Ќе почнат да бараат одговори на погрешни места, од луѓе што ги хиперсексуализираат, или пак ги караат за нивните природни сексуални нагони. Не е вулгарно да го разбираш сексуалното здравје.“

За крај, Алисон посакува јавноста да сфати дека таа е само обичен човек што си ја врши работата – и не се срами ни од телото, ни од секс.

„Премногу често, тролови во коментарите ќе спомнат како ‘мора моите многу да се гордеат со мене‘, или дека сум одвратна, дека немам самопочит, или дека го продавам телото. А реалноста е дека во животот сите продаваме нешто. Време, тело, знаење,“ вели таа. „Знам дека сексот е најприродното нешто што го правиме како луѓе и срамот што го опкружува е конструиран од општеството и травестија. Гадните коментари не ми влијаат никако. Само се потсетник дека сум го надраснала сексуалниот срам што ми е наметнат и се гордеам со себе поради тоа.“

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *