Сутерен.мк

Лектира за интернет историјата!

1969 година

АРПАНЕТ е првата дигитална мрежа на светот и претходник на интернетот. Финансирана е од Министерството за одбрана на САД,а првата порака е испратена од компјутерот на Универзитетот на Калифорнија  до компјутерот на Универзитетот Станфорд.Мрежата функционираше до 1990 година.

1985 година

На 15 март 1985-та продаден е првиот .com домен на интернет. Купувач била компанијата „Симболикс“ од Масачусетс, која такаги претркала технолошките гиганти HP и IMB за две, а Apple за една година. Доменот Symbolics и понатаму е онлајн, иако компанијата банкротираше во 1993 година.

1991 година

Англискиот инженер и информатичар Тим Барнерс Ли, во 1989 година ги „измисли“ веб страниците! Што ќе рече, трите нови технолошки решенија како: мрежниот протокол – HTTP, описниот јазик – HTLM и стандардот за нивно адресирање – URL.

1994 година

Електротехничките инженери Џери Јанг и Дејвид Фајло го создадоа првиот важен веб портал и пребарувач под името – Yahoo! (За само четири години, Јаху имал дури сто милиони посети дневно!)

1996 година

Создаден е Hotmail. Технолошкиот гигант Мајкрософт“ ги купи веќе следната година за четиристотини милиони долари.

1999 година

Шон Фенинг и Шон Паркерја создаваат „Напстер“, апликација за споделување на музика помеѓу интернет корисниците. Со тоа, музичките изданија во физичка форма засекогаш го изгубија приматот.

2001 година

Еден од најрадикалните што ќе рече, про боно проекти кои го изменија и го менуваат светот на информирањето е Википедија! (Има уште надеж за нас…)

2004 година

И пред Марк Закерберг да го создаде Фејсбук постоеја социјални мрежи. Меѓутоа, никој пред него не сакал да има преку нив и влијание врз економијата, политиката, медиумите… И, ете ти!

2005 година

Се појави Youtube – лесен за користење, клиповите најбрзо се вчитуваат… Конкуренцијата едноставно, немаше шанси.

2007 година

Стив Џобс го создаде Ајфонот. И, после тоа, после Ајфонот,  дојдоа останатите т.н. паметни телефони! За денес, со асален смартфон, да не ни треба ни лаптоп, ни што и да е… Се всушност, прилагодено е на корисниците на „ајфоните“ – од било кој „тип“.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *