Сутерен.мк

Најгрдата фонтана на светот

Виена доби нова фонтана по повод 150-годишнината од водоводот во австриската метропола. Се нарекува фонтана „Ние вода“ и се наоѓа во паркот Хелмут-Зилк во десеттиот округ.

Како што е наведено на веб-страницата на Канцеларијата за уметност на јавни простори, работата на колективот „Желатин“ ја носи радоста на барокните фонтански инсталации во сегашноста. Исто така, тие наведуваат дека тоа претставува знак на одговорност и заедница. Уметничкиот колектив „Желатин“ победи на градскиот натпревар, а вака ја претставија својата работа: „Ова е фонтана и скулптура во едно. До кружниот базен на фонтаната се поставени скулптури од луѓе, а фонтаната во центарот секојдневно се осветлува во различни бои“.

Но јавноста коментира дека „Ова е најгрдата фонтана на светот“, „И дете би направило подобра фонтана“, „Бескорисно трошење пари“, “Како дете да си играло со пластелин” и смета дека 1,8 милиони евра се премногу за една ваква фонтана.

Виена одлучи да ја одбележи годишнината од пуштањето во употреба на првиот виенски водовод на 24 октомври 1873 година со нова фонтана и решение избрано на конкурс. Тој ден се смета за почеток на современото водоснабдување на градот и е симбол на крајот на недостигот на вода, како и на болестите што дотогаш ги предизвикувала нечистата вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *