Според порталот Euronews ова се најконтроверзните градби на европскиот континент:
- Bosco Verticale (Милано, Италија)
Или на италијански „вертикална шума“ е можеби убава за сликање од далеку, но жителите на зградата се едногласни дека секојдневието во неа е мрачно и исполнето со многу влага.
- Musee des confluences (Лион, Франција)
Во градот кој историски е преубав, овој футуристички научен музеј изграден во стилот на деконстуктивизмот едноставно „пара очи“!
- British airways I360 tower (Брајтон, Велика Британија)
Кулата висока 162 метри наменета за набљудување на градот Брајтон и каналот Ламанш, од локалните жители наречена е како „ужасна точка на небото“.
- Casa da musica (Порто, Португалија)
Ова е првата зграда во историјата на Португалија која е посветена само на музиката -изградена по повод прогласувањето на Порто во 2001 година за Европска престолнина на културата, но неговите граѓани едноставно, не можат да ја поднесат!
- Hotel W (Единбург, Велика Британија)
Хотелот иако се уште не е доизграден веќе им оди на нерви на жителите на Единбург, кои ги потсетува на „кафеавкаста тоалетна хартија“.
- Hotel Biltmore (Тбилиси, Грузија)
Со своите 140 метри до скоро беше највисоката градба во главниот грузиски град, но многумина сметаат дека хотелот е „пренападен за тоа подрачје“.
- The spire od Dublin (Даблин, Ирска)
Споменикот висок 120 метри е завршен во 2003 година, но до денес повеќето од граѓаните на Даблин сметаат дека тој е „градска грдосија“.
- Walkie – Talkie (Лондон, Велика Британија)
Градбата е завршена во 2014 година, а веќе следната ја доби наградата за најгрда зграда креирана во последните 12 месеци во Обединетото кралство и до денес е предмет на потсмев.