Сутерен.мк

Нит простуваат, нит забораваат!

Постојат некои луѓе кои се паметат и не простуваат речиси ништо. Тие до крајот на животот не забораваат кој им наштетил, навредил, бил непријатен со нив. Таквите им припаѓаат на следните хороскопски знаци:

Овен

Луѓето родени во овој знак особено не сакаат кога некој ќе изчезне од нивниот живот, а да не им даде објаснување за тоа. Бидејќи имаат чувство дека многу вложуваат во односите со другите, очекуваат барем да им се каже причината за прекинувањето на релацијата сеедно дали е таа пријателска, роднинска или љубовна! За нив важи и тоа, дека дадениот збор е прашање на живот или смрт! Не прифаќаат исто така ништо делумно. Или сте или не – средина нема! Предавство, нелојалност, навреда, неодржано ветување, никогаш нема да простат, нит заборават!

Рак

Раковите на пример, никогаш не простуваат, ако некој им го повреди семејството. Премногу се врзани за него, а со самото тоа и заштитнички настроени. Кога некој ќе им ги навреди или на било кој друг начин им наштети на нивните најблиски, стануваат страшно одмаздољубиви! Не, нема ниту да простат, ниту да заборават било каква болка што им е нанесена на нивните најмили! Доколку сте им стапнале со погрешна нога во нивниот двор, најдобро е да ги одбегнувате до крајот на својот живот, а и потоа…

Шкорпија

Овој знак многу сериозно ги сфаќа емоциите. Кога некој си игра со нивните чувства или ги изневери, никогаш тоа нема да му биде простено и тоа предавство ќе го паметат до крајот на животот! Не веруваат во помирувања и заборавање, па многу време ќе поминат во смислување на одмазда. Доколку не успеат да вратат „мило за драго“, стануваат огорчени и ја губат довербата во другите луѓе и кога нема причина за тоа. Едноставно, не можат да поднесат кога некој нив или нивните емоции ги зема здраво за готово! Ако не сте способни да издржите покрај Шкорпија, не пробувајте подобро ништо!

Јарец

Припадниците на овој знак се многу едноставни личности и токму затоа мразат кога луѓето се манипулатори и дволични. Не можат да поднесат кога другите играат игрички,  смислуваат недоветни зафрканции, глумат или се обидуваат да ги надмудрат т.е. прејдат на било кој начин. Всушност, многу е глупаво и да помислите дека некако можете да го излажете овој знак, бидејќи е многу интелигентен, практичен и баеги, себичен. Така што, со лицемерието само ќе го натерате да се почувствува измамено и тоа да ви го памети за цел живот!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *