Сутерен.мк

Најдобар во Кан е “Анатомија на падот”

„Златната палма“ за најдобро остварување на 76. Меѓународен филмски фестивал во Кан ја освои филмот “Анатомија на падот” на француската режисерка Жистрин Трие.

Во трката за оваа награда беа 21 филм, а освен што нејзиниот филм триумфираше, 44-годишната Жистрин Трие има уште една причина да се радува.

Имено, таа стана третата наградувана режисерка во историјата на Филмскиот фестивал во Кан. Пред неа, тоа им појде од рака на Џејн Кемпион за филмот „ Пиано“ од 1993 година и Жулија Дикруно за филмот „Титан“ од 2021 година.
Гран-при на жирито го освои Џонатан Глејзер за филмот „Зона на интерес”, кој раскажува за животот на нацистичкиот командант од Аушвиц. Претседател на жирито беше минатогодишниот добитник на „Златната палма“, шведскиот режисер Рубен Остлунд.

Наградата за најдобар актер отиде во рацете на јапонската ѕвезда Коџи Јакушо, која глуми рефлектирачки, средовечен маж од Токио кој чисти тоалети во „Совршени денови” на Вим Вендерс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *