Сутерен.мк

Пусти мерак за бесмртност

Контроверзниот милијардер Брајан Џонсон се обидува на секој начин да се подмлади. Овој пат шокираше со новиот подвиг – размена на крв од три генерации. Брајан преку трансфузија примил крв од својот 17-годишен син Талмаџ, од кого за таа прилика извадиле литар крв, ја одвоиле плазмата и ја вбризгнале во кардиоваскуларниот систем на Брајан.

Брајан верува дека младата крв може да го забави процесот на стареење во неговото тело и да ги поправи настанатите оштетувања на клетките. Истата процедура ја направил и на својот татко Ричард (70), само што Брајан во тој случај бил младиот крводарител. Размената на крв од три генерации ја направиле во болница со футуристички изглед во Арлингтон, Тексас.

Во април, триото посетило медицински спа центар во Арлингтон. На Талмаџ Џонсон му била извадена еден литар крв – околу една петтина од крвта во целото тело – која ја разделиле на делови пред плазмата повторно да биде внесена во неговиот татко.

Како што е наведено, Брајан се водел од истражувањата спроведени на глувци. Тие сугерираат дека, кога постар глодар ќе прими крв од помлад, тогаш може да дојде до т. н. обратно стареење. Сепак, не постојат докази дека такво нешто би можело да функционира кај луѓето. Напротив, може да биде опасно поради можната силна имунолошка реакција на примачот.

овој могул во технологијата троши околу два милиони долари годишно за да се подмлади и повторно да изгледа како 18-годишник. За да ја постигне својата цел, која вклучува да има „мозок, срце, бели дробови, црн дроб, бубрези, тетиви, заби, кожа, коса, мочен меур и полов орган на 18-годишник“, Џонсон вработил тим од 30 лекари и здравствени работници за да ја следат секоја негова телесна функција. Тој за таа цел изгради и мала клиника во својот дом во Калифорнија.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *