Сутерен.мк

Најефикасно бојадисување јајца!

Бојадисувањето на јајца за Великден е забавно за децата, но може да биде напорно за возрасните со преголеми очекувања!

Едно од важните правила е дека бојата многу поубаво изгледа врз јајцата со бела лушпа, но… Белите јајца во продавниците имаат потенка лушпа од кафеавите, што ги прави понезгодни за играње со боите.

Решение има: се што ви треба е алкохолен оцет и вода во сооднос еден наспроти еден. Значи, една чаша оцет и една чаша вода за три јајца. За понатаму, калкулирајте!

Во ваквиот раствор ставете ги јајцата на висока температура, но потоа смалете ја штом течноста почне да врие. Варете ги јајцата десет минути (пената соберете ја со лажица), исцедете ги и исплакнете ги со студена вода.

Можете потоа и да ги избришете и со крпа, но внимателно – лушпата им е истенчена поради варењето во оцетот. Откако ќе се оладат, бојадисајте ги како што сакате!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *