Сутерен.мк

Најмалото бебе си оди дома!

Бебето за кое се верува дека е најмалото новороденче на светот пуштено е од болницата во Сингапур после 13 месеци интензивно лечење!

Квек Ју Саб по раѓањето имала само 212 грама (колку едно јаболко) и била долга 24 сантиметри. На свет дошла со само 25 недели, што е многу помалку од просечните четириесет.

Лекарите ја породиле мајка и со итен царски рез четири месеци пред терминот, бидејќи и е дијагностицирана прееклампсија (опасен висок крвен притисок).

Ју Сан сега тежи 6,3 килограми.

Претходниот рекорд го држело девојченце од САД, со 245 грама при раѓањето во 2018 година, според Регистарот за најмали бебиња на Универзитетот во Ајова.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *