Сутерен.мк

Што е имиџ консалтинг?

Дали размислувате за подобрување на вашиот изглед, комуникација, или однесување? Дали размислуватае да го надградите вашиот имиџ, но се прашувате, што да направите? Ако сте сопственик на бизнис, кои се Вашите очекувања во однос на имиџот на вработените? Дали имате дилеми околу сопствениот изглед, подобрување на сликата за себе или можеби вашата компанија?

Како тој може да помогне?

Консултантот за имиџ е всушност водич во себе – презентирањето во смисла да се искористат најдобро сопствените потенцијалии. Без разлика дали сте поединец или бизнис, без разлика дали работите надвор од дома или не, консултантот за имиџ може да ве научи како да се исполира вашиот имиџ во три области:

Вашиот физички изглед – чешлање, коса, шминка, боја, гардероба, и личен шопинг.

Вашето однесување – социјални вештини, управување со стресот, култура, учтивост и протокол.

Вашите комуникациски вештини – дикција, говорот на телото и решавање на конфликти.

Оформување на препознатлив имиџ на компанијата

Консултантот за имиџ користи атмосфера за обука во која ќе се чуствувате удобно и практично, без разлика дали тоа да бидат лични консултации во вашата канцеларија или дома, тренинг сесија преку телефон, презентација на вашиот менаџерскиот тим, на семинар за своите вработени или работилница во вашата годишна конференција.

Како еден консултант за имиџ ги задоволува вашите уникатни потреби?      

Затоа што многу луѓе сакаат предност за изработка на уникатен впечаток во многу области на нивните животи, имиџ консалтинг вклучува многу специјалности.

Ова значи дека можете да најдете консултант кој не само што нуди одлични услуги, туку обезбедува и експертиза и во – длабочината со фокус на специјалностите за кои што тсе најмногу заинтересирани. Имиџ консалтинг специјалности вклучуваат се’: портпарол, координатор на модна ревија, експерт за фитнес, консултант за гардероба, еден специјалист за личен шопинг, пронаоѓање на соодветен дизајнер, стилист за коса, мејкап артист, консултант за бонтон и слични нешта.

Некои консултанти се специјализираат во задоволување на потребите на одредени групи клиенти: политичари, медиумски личности, корпоративни обучувачи, професионални спикери или поединци. Други консултанти работат исклучиво со мажи, жени, тинејџери или деца.

Дали сте задоволни со својот изглед?

Знаете ли со облеката да ги потенцирате своите вредности?

Како да ги скриете недостатоците ?

Во денешното време на натпревар да се има соодветен имиџ значи да се има одредена предност. Да се поправи сопствениот имиџ за себе не е лесно, но возможно е. Единствено треба да се знае како добро се’ да се “спакува” и да стане видливо најдоброто од себе.

Имиџ консалтингот е лично советување како најдобро да се запознаете со себе преку анализа на Вашите природни дадености кои ке станат и останат Ваши најдобри пријатели засекогаш.

Имиџ консалтингот ќе ви помогне да откриете многу за себе. Не е нужно секогаш површно да се однесуваме кон облеката и таа не е така површна како што многумина би се осмелиле да кажат.

Да се купува умно, да не се купува импулсивно, да се купува за себе.

Да се познава сопствената фигура, но и сопствените потреби и вистинските желби за да се постигне склад помеѓу облеката, боите, шминката и себеси на единствен начин кој никогаш не поминува незабележано. Да се биде посебен и единствен и да се завладее со сопствената убавина. Имиџ консалтингот најдобро се илустрира со реченицата – Човекот ја чини облеката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *