Сутерен.мк

Најпознатата еротска спортска фотографија

Фиона Батлер Вокер наивно му позирала на своето тогашно момче, во 1976 година. Фотографијата е денес култна, бескрупулозно амбициозниот Мартин Елиот се збогатил од авторските права, а студентката по уметност, која е пред објективот, не добила никогаш, ништо

Легендарната разголена тениска фотографија ја снимил Мартин Елиот со својата тогашна девојка, 18-годишната Фиона. Таа носела позајмено фустанче, татковите патики, а во раката држи туѓ рекет – не била никогаш наклонета кон тенисот.

Теренот е на универзитетот Бирмингем, на него се распослани изгризени тениски топчиња од кучето на Фиона, денот е септемвриски, а девојката полна доверба, си ја допира со левата рака својата разголена позадина.

Нејзиното поранешно момче ги продал правата за користење на снимката, но ги задржал авторските права.

Госпоѓата Вокер пак, денес мајка на три деца и сопруга на успешен бизнисмен, иако не заработила од оваа „сцена“ ништо, вели дека е горда што станала дел од историјата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *