Сутерен.мк

Откопани ноеви јајца стари 4 000 години

Осум јајца од ној за кои се верува дека се стари повеќе од 4.000 години се пронајдени покрај древно огниште во Израел.
Праисторискиот логор што го користеле пустинските номади е откриен под песочните дини на Ницан во регионот Негев, соопшти израелската управа за антиквитети.

 

Водачот на тимот Лорен Дејвис рекла дека археолозите, исто така, ископале камено оружје и грнчарски парчиња, но дека јајцата биле „навистина посебно откритие”. Дивите ноеви биле вообичаени во регионот сѐ до 19 век. Големите јајца на птиците биле пронајдени на археолошки локалитети од неколку периоди.

 

Тие се користеле не само како извор на храна – едно јајце од ној има иста хранлива вредност како околу 25 јајца од кокошка – туку и како погребни садови, луксузни предмети украсени со гравури или слики, и како носачи на вода.

И иако јајцата од ној не се невообичаени при ископувањата, коските на големата птица не се пронајдени.
Видео…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *