Во Мексико е пронајден фосил од риба за која се претпоставува дека потекнува од периодот пред 95 милиони години!
Фосилот е пронајден во Чиапас, на југоистокот од земјата, а се претпоставува дека на американскиот континент живеела во периодот кога живееле диносаурусите.
Научниците веруваат дека фосилот припаѓа на вид риба од американското подрачје.
Експерт од Националниот автономен универзитет во Мексико вели дека овој вид го добива името „Choichix alvaradoi“ и верува дека овој вид риба потекнува од Мексико.