Сутерен.мк

СЗО: Вирусот ќе станува се поопасен!

Тимот на експерти од Вонредниот одбор кои го советуваат генералниот директор на Светската здравствена организација денеска излегоа со соопштение во кое меѓу другото се вели:

„Пандемијата е далеку од завршена! Постои голема веројатност за појавување и ширење на нови, загрижувачки соеви на коронавирусот, поопасни и уште потешки за контролирање. Новите трендови се вознемирувачки. Осумнаесет месеци по објавувањето на меѓународно итната здравствена ситуација, ние и понатаму трчаме по вирусот, а тој продолжува да трча по нас!“, рече на пресот претседателот на Одборот, Дидие Усен.

До сега, СЗО регистрираше четири соеви на коронавирусот што се сметаат за загрижувачки – алфа, бета, гама и делта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *