Романите „Денот на црвот“ од Симона Јованоска (Или-или), „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ од Давор Стојановски (Или-или), „Деса“ од Ивана Трајаноска (Арс Либрис) и „Ден за одмазда“ од Ивица Челиковиќ (Паблишер) влегоа во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“ за 2021 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.
На годинашниот конкурс пристигнаа 39 романи, а жири-комисијата во состав Владимир Јанковски (претседател), Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата) ќе го соопшти лауреатот на годинашната награда „Роман на годината“ на 15 март.