Сутерен.мк

Дуа Липа и Ед Ширан се плагијатори?

Музичарот Ед Ширан веќе неколку години повеќе пати беше обвинет за плагијат, а сега повторно заврши на суд под обвинение дека наводно копирал друга песна за неговиот хит „Shape of you“ (2017), без да назначи задолжителната заслуга на наводно вистинските автори!

Конкретно, „Shape of you“ наводно копирал некои делови од песната „Oh why“ (2015), напишана од Сами Чокри (познат како Сами Свич). Ширан досега го негираше тоа, изјавувајќи дека отсекогаш им оддавал должна заслуга на секој што придонел за неговите песни.

За да објасни дека станува збор само за сличен тоналитет, пред судиите Ширан запеал делови од песните „Feeling good“ на Нина Симон и „No diggity“ на Блекстрит кои послужиле за илустрација дека воопшто не станува збор за копирање туку за вообичаена појава во поп музиката.

Сепак, за сега, авторските хонорари од хит песната на Ширан кои се во висина од околу 20 милиони фунти остануваат „замрзнати“.

И пејачката Дуа Липа се соочува со судска постапка откако извесна реге група и двајца композитори ја обвинија за плагијат на нејзиниот хит „Levitating“, песна која остана на врвот на топ-листата Billboard hot 100 дури 68 недели.

Првата тужба поднесена против британската музичарка со косовско потекло доаѓа од бендот Артик Саунд Систем, според кој песната е копија на нивната песна од 2017 година, „Live your life“. Во втората правна постапка пак, се појавуваат и композиторите Л. Расел Браун и Сенди Линзер, кои ја обвинуваат дека копирала две нивни песни, „Wiggle and giggle all night“ и „Дон Диабло“, од 1979 и 1980 година, за да го создаде хитот „Levitating“.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *