Сутерен.мк

Најубавите градски улици

Магазинот Time Out според масовни анкети ширум светот, избра седум улици кои се најомилени меѓу туристите, но и локалните жители…

Smith Street, Мелбурн

Некогаш познат по уличните банди, овој кварт денес има статус на живо, бунтовно соседство каде што секогаш е забавно. На главната улица има многу пабови и вински барови, уникатни продавници, а забавата трае до утринските часови.

Passeig de Sant Joan, Барселона        

Најинтересната улица во Барселона пресекува четири квартови. Северниот дел од улицата е со традиционални кафулиња и продавници, а јужниот е помодерен. Најважно е што долж неа, велосипедистите и пешаците имаат предност во однос на возилата.

South Bank, Лондон

Омилена улица на младите скејтери, возрасните гурмани, вљубениците во уметноста, пешаците… Што ќе рече, интересни ресторани, галерии, оригинални продавници за подароци… Атмосфера во која уживаат различни генерации од сите општествени слоеви.

San Isidro, Хавана

Целата улица потсетува на уметничко платно на отворено и на секој чекор нешто привлекува поглед и бара да го фотографирате. Оваа модерна улица во стар кварт е со опуштена атмосфера и е една од најомилените на туристите, но и Кубанците.

Sunset Boulevard, Лос Анџелес

Оваа улица долга 35 километри презентира се она што Лос Анџелес го прави препознатлив и поинаков. Преполна е со живот во секоја смисла на зборот! Тука има многу зеленило, богаташки вили, впечатливи реклами, убави продавници…

Witte de Withstraat, Ротердам

Паркинг места нема, но на улицата е преполно ресторани, кафулиња, барови, зеленило… Всушност, активностите овде не престануваат 24 часа!

Rua Tres Rios, Сао Паоло

Низ историскиот кварт кој е населен со имигранти кои се тука со генерации – Италијанци, Корејци, Грци, Боливијци – поминува улицата со највозбудливите гастрономски места и многу сезонски настани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *