Сутерен.мк

Во португалските кафеани, само вакцинирани!

Од саботата во Португалија важи мерката дека оние кои сакаат да јадат внатре во локалите на 60 – те општини со висок број на заразени од коронавирусот, мораат да имаат потврда дека се вакцинирани, негативен тест или доказ дека ја прележале болеста!

Клиентите мора да ја користат европската дигитална ковид потврда, пренесува агенцијата Ројтерс.

Државата со десет милиони жители во саботата имаше 3 162 нови случаи на заразени со коронавирусот и шест мртви, што е еднакво на бројките во февруари кога Португалија беше под карантин.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *