Сутерен.мк

Најшарените светски градови

Некои градови се издвојуваат од другите благодарение на обилното користење на бои. „Travel Magazin“ ги издвојува следниве…

Хавана, Куба

Прва на листата е престолнината на Куба, Хавана. Не само што има многубројни живописно обоени згради, туку покрај нив честопати се паркирани уште поколоритни олдтајмери.

Бристол, Англија

Низ ридестиот град тече реката Авон поради која постојат и длабоки клисури. Фасадите на зградите долж нивните рабови се обоени како некоја весела ограда.

Бурано, Италија

Малото островче со само четири илјади жители е преполно со обоени кукички во дречливи бои. И денес пред нив седат старици кои плетат тантела по која е местото и познато.

Ла Бока, Буенос Аирес, Аргентина

Ла Бока е кварт во Буенос Аирес, каде што се наоѓа уличниот музеј во кој куќите се светли и шарени. Животот речиси се одвива на улица, прирдужуван од чудесното танго, кое се игра насекаде.

Бо Кап, Кејптаун, Јужна Африка

Бо Кап е дел од централен Кејптаун и бил место каде што живееле робовите од Малезија и Индонезија. Куќите тогаш биле бели, но по ослободувањето можеле да ги бојосуваат како сакаат.

Лас Палмитас, Пачука, Мексико

Градчето Пачука е во централно Мексико и не баш значајно. Меѓутоа, во него е квартот Лас Палмитас кој наликува на еден огромен мурал.

Валпараисо, Чиле

Во овој град, дури и скалилата што ги поврзуваат стрмните делови се интересни. Преполн е со шарени куќи и неверојатна улична уметност.

Џодпур, Индија

Џодпур го нарекуваат и синиот град. Погледот од импресивната тврдина Мехрангарх одлично објаснува зошто е така наречен.

Шефшауен, Мароко

Сместен во мароканските планини Риф и е речиси, целиот син.Всушност, поголемиот дел од градот е обоен во разни нијанси на сина боја: од фасадите, вратите, прозорците, па до саксиите!

Чинкве Тере, Италија

Фантастично живописно градче со поглед на Лигурското море во северна Италија. Секоја година местото го посетуваат околу дваипол милиони туристи.

Фото: Shutterstok

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *