Сутерен.мк

Игор Пачемски: На невестата и е крива!

Во момент на лудило од моите родители, ми беше исполнета желбата и ми беа купени Македонски еротски приказни од Марко Цепенков. Истите тие што Џумерко, #rip, доста забавно ги читаше и јас како вистински балкански простак, ги слушав во канцелариите во Лондон, на глас! Кога прашан што правам, им кажував на колегите дека слушам Македонски еквивалент на „The Archers“, најпознатата англиска радио драма која се емитува од 1951 година.

Една од највпечатливите приказни беше таа, во која злобната и секогаш незадоволна свеквра, го расипува бракот меѓу нејзиниот син и совршената невеста, затоа што “на невестата и е крива п*****а”!? Аргумент за кој од немоќ, на крајот се фати злобното бабе. Ова тогаш ми беше причина за громогласно претпубертетско смеење, а сега ми се манифестира како доминантна црта во карактерот на Македонците.

Ајде, разбирам, дека има луѓе што се вечно незадоволни поради енормно високите критериуми или поради фактот што “биле/виделе” и веќе се им е банално, но од која позиција, нашиот народ, поприма форма на незадоволна свекрва, небаре по грешка го завртеле на исток прстенот на Лукреција Борџија на полна месечина и место во волк (ликантропија) се претвориле во свекрва (сокрустропија).

Да разгледаме што на истите им е о.к., па да ја разбереме баналноста на оваа позиција slash гледиште.

Во „Ла Тераца“ кога нарачувате “putanesca“ (капери, инчуни, лук, чили, чери домати) ви носат недопржен црн домат (исто и неодсолен) и ви наплаќаат илјадарче!

Во 2008-ма (да е жив и здрав тој што на ѕидот на Мирко Попов ја сподели репортажата) не посети кралот на Хунзите (тоа беше периодот кога и Субрата Роj од Сахара Индиа Паривар, на национално ниво ни порача да се котиме и да гледаме филмови со чочеци за да бидеме посреќни). Нас, народот кој “en masse” го замени „Аквадро лајфстајлот“ со „Театро“ (се сеќавате на првата барокна дискотека?) и со „Шппајз“. Сте биле во „Шпајз“? Јас еднаш. Една познаничка облечена за џогинг на Палм Бич – во бело, со две пријателки јадеше салата од тука и пиеше вода додека келнерите сакаа да ги убијат (малку арчеле), додека на другата маса конфекционер од Штип седеше со десет кокони, кои верувам, се тапирале од Штип до Скопје, за да се добие ефект на Pam Ann, станд – ап комичарката која ја глуми стјуардесата Валери од Делта (не е за фалење!), додека на увце им свират тамбураши со конзерваториум, а келнерите со љубов го гледаат овој етно пир.

Од тука и логиката што Пендаровски не ви чини, а „ќутукон валандовски“ со години го толериравте. Бети била не знам каква, а „криминогениот булдог“, со смкнатите колена на хулахопките сликана до Ранија ви беше поднослива. Филипче бил „говедо“, салонски хипстер – револуции фрчат по Фејсбук, а секако најголемите критичари се бивши кафанџии со диплома по јадење шамари од гости од ДПМНЕ или луѓе кои се толку размазени, што не можат да разберат дека колку и да флертувал Филипче со темната страна како амбициозно „копиле“, направи чуда во оваа земја каде што благодарејќи на Хунзите и антиквизираните етно селани, сме во децениска деградација! 

Така што, се додека се шират постови (од релативно, градски фаци) дека Короната била бактерија, се додека ѓезмиња во Дебар Маало во вонредна состојба се нешто што се толерира од градските структури, се додека јадете недопржен домат за 1000 денари бидејќи, ем не знаете, ем ви е “испод части” да научите, ќе бидете една голема, злобна свекрва, на која и амалгам од Ајда Пекан на Евровизија во 1980 – та (не се родило поубаво нешто), со карактер на самовила и IQ од 228 како Marilyn vos Savant, пак ќе и биде крива “дамската градина”.

Првото нешто што го научив во Uppingham апропо “soi meme” беше: You are not special! Колку побрзо ја научите лекцијата, толку подобро.

( Авторот знае да го реши Шродингер за Јаглерод 6, но одбра да црта гаќи. Горд татко е на 3 мачки и луда папагалка со субмисивен дечко папагал. Лош шеф и сопруг на една измачена бугарска мечка. Многу чкарт педер, кој пие, арчи и се тепа.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *