Сутерен.мк

На 95 влегува во политика

Џина Лолобриџида, италијанската актерка, ветеран од златното доба на Холивуд, ќе се кандидира на парламентарните избори во Италија следниот месец.

Легендата на екранот, која неодамна наполни 95 години, ќе биде кандидат во Латина, јужно од Рим, за „Суверена и народна Италија“ (Исв), новоформирана евроскептична политичка алијанса.

Не е прв пат Лолобриџида да се вклучи во политиката: во 1999 година се кандидираше за избори во Европскиот парламент како кандидат за центристичката партија „Демократичи“ на Романо Проди, но не успеа да биде избрана.

Италија ќе одржи парламентарни избори на 25 септември по оставката на премиерот во заминување Марио Драги минатиот месец, откако три коалициски партии ја повлекоа својата поддршка од неговата влада на национално единство.

Во последниве години, името на актерката во светзските хроники главно се поврзува со скандалозни приказни околу нејзиниот имот, за кој води судски спорови со нејзиниот внук. Роднините инсистираат на тоа дека Лолобриџида не може сама да управува со својот имот и е постојана жртва на уцени од луѓето околу неа.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *