Сутерен.мк

Нема милост за Харви Вајнстин

Поранешниот холивудски могул Харви Вајнстин, кој веќе е во затвор, доби нова казна. Судот во Лос Анџелес ја игнорираше молбата на Вајнстин за милост

Нова затворска казна за Харви Вајнстин во траење од 16 години. Поранешниот филмски продуцент веќе одлежува затворска казна во траење од 23 години, поради силување и сексуална изнуда.

Во новиот судски процес против 70-годишниот Вајнстинповеќе жени повторно сведочеа како биле напаѓани и силувани од него. Вајнстин пред судот изјави дека е „невин“ и побара „милост“: „Ве молам немојте да ме осудувате на доживотен затвор. Тоа не го заслужувам. Толку многу работи се погрешни во овој случај“, рече Вајнстин.

Судска порота во декември минатата година го прогласи Вајнстин за виновен по три точки од обвинението, меѓу нив и силување. По три други точки немаше согласност на поротниците, а во врска со една точка од обвинението тој беше ослободен. Обвинувањата доаѓаат од страна на четири жени, а се однесуваат на периодот од 2004 до 2013 година. Меѓу тужителките беше и Џенифер Сибел, актуелна сопруга на калифорнискиот гувернер Гевин Њусом. Повеќето од нападите се случувале во хотели во Беверли Хилс.

Харви Вајнстин, роден до 1952 година во богато семејство во Квинс, Њујорк, беше моќен холивудски могул, чија компанија произведуваше хит филмови како „Палп фикшн“ или „Англиски пациент“. За „Вљубениот Шекспир“ доби и Оскар.

Адвокатите на Вајнстин уште пред соопштувањето на новата казна најавија жалби на двете пресуди против нивниот клиент.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *