Постојат многу правила на однесување на кои треба да се придржуваме за да бидеме љубезни и пристојни личности. Ние учиме од правилата на нашите родители, наставниците и другите луѓе од нашето опкружување, понекогаш низ лекции, но многу почесто имитирајќи го нивното однесување.
Следат непишаните правила чие непочитување на мнозинството им оди на нерви!
- Ако некој ве части во ресторан, крајно е безобразно да нарачате прескап оброк или пијалок!
- Не зборувајте кога сте во кино и не го вклучувајте мобилниот телефон: светлото од екранот привлекува внимание, а тоа живцира.
- Доколку некој не сака да пие алкохол, не навалувајте и не правете глупави шеги на негова сметка.
- Кога некој ќе ви покаже некоја слика на својот мобилен, непристојно е самоиницијативно да ги прелистувате и другите.
- Не ги прашувајте двојките кога ќе имаат или зошто немаат деца! Тоа не е ваша работа и не си го пикајте носот каде што не му е место!
- Вклучувате жмигавец секунда пред да свртите со возилото. Жмигавците служат да им сигнализираат на другите дека сакате да го смените правецот, а не да ги информирате за нешто што веќе го гледаат со своите очи.
- Не пуштајте музика од својот телефон во градски превоз. Тоа е мнооогу иритантно!
- Нема потреба да му се залепите на тој пред вас кога чекате ред. Така нема побрзо да завршите работа.
- Безобзирна мрзеливост е оставањето на количките од маркетот на сред паркинг. Не правете го тоа!
- Секогаш понудете му пијалок (чаша вода е сосема коректно) на оној кој ви завршил некоја физичка работа.
- Не стојте на влезната врата. Или влезете или тргнете се настрана. Не им го блокирајте патот на другите.
- Никогаш не палете цигара во туѓа куќа пред да го прашате домаќинот дали му пречи тоа.