Сутерен.мк

Милиони долари за една страница од стрип!

Страница од оригиналниот уметнички цртеж од познатиот стрип од 1984 година за Спајдермен е продадена во четвртокот за рекордни 3,36 милиони долари во САД!

Страницата го прикажува првото појавување на црниот симбиотски костум на Спајдермен кој подоцна ќе доведе до создавање на анти-херојот Веном во делото на Мајк Зек, „Marvel super heroes secret wars“ бр. 8.
Лицитацијата за цртежот започнала со 330 000 долари, но набрзо достигнала сума од 3.360.000 долари. Претходниот рекорд за страница од внатрешност на американски стрип беше 657.250 долари за рамка која ја прикажува првата слика на Вулверин во изданието „The incredible Hulk“ од 1974 година.

 

Примерок од стрипот од 1938 година, бр. 1, првото појавување на Супермен, е продаден за 3,18 милиони долари на првиот ден од 4-дневната аукција во Далас, објави аукциската куќа на Твитер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *