Сутерен.мк

Нобеловата за економија

Шведската кралска академија на науките ја додели овогодинешната награда за економски науки на тројца американски научници за истражување на банките и финансиските кризи.

Тоа се Бен С. Бернанке (Институцијата Брукингс, Вашингтон, САД), Даглас В. Дајмонд (Универзитет во Чикаго, САД) и Филип Х. Дибвиг (Универзитет Вашингтон во Сент Луис, САД), чии откритија „го подобрија начините во кој општеството се справува со финансиски кризи“.

„Истражувањето на лауреатите ја подобри нашата способност да избегнеме и сериозни кризи и скапа финансиска помош“, рече Торе Елингсен, претседател на Одборот за награда за економски науки.

Годинешните лауреати од областа на економските науки значително го подобрија нашето разбирање за улогата на банките во економијата, особено за време на финансиски кризи. Важен резултат од нивното истражување е – зошто е од витално значење да се избегне колапс на банките.

Современите истражувања во банкарскиот сектор ги конкретизираат одговорите на прашањата зошто имаме банки, како да ги направиме помалку ранливи и како колапсот на банките ја влошува ситуацијата за време на финансиската криза.

Основите на ова истражување ги поставија Бен Бернанке, Даглас Дајмонд и Филип Дибвиг во раните 1980-ти. Нивните анализи беа од големо практично значење во регулирањето на финансиските пазари и справувањето со финансиските кризи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *