Нобеловата награда за мир оваа година е доделена на тројца добитници: Алес Бјалијацки, еден од иницијаторите на демократското движење што се појави во Белорусија во средината на 1980-тите, и две групи за човекови права – руската организација „Меморијал“ и украинската организација „Центар за граѓански слободи“.
Сите тројца приматели се со седиште во земјите на поранешниот Советски сојуз, а двајца од тројцата се во земји управувани од диктатори – Александар Лукашенко во Белорусија и Владимир Путин во Русија.
„Луреатите на наградата за мир го претставуваат граѓанското општество во нивните матични земји“, изјави Норвешкиот нобелов комитет, во своите забелешки пред да ги објави овогодинешните добитници.
„Тие многу години го промовираат правото да ја критикуваат власта и да ги штитат основните права на граѓаните. Тие направија извонредни напори да ги документираат воените злосторства, злоупотребата на човековите права и злоупотребата на моќта. Тие заедно го демонстрираат значењето на граѓанското општество за мирот и демократијата“.