Сутерен.мк

Новата урбана генерација на Кина

Антологискиот избор од современата кинеска проза со наслов „Звукот на формирањето на солта“, со поднаслов „Раскази на генерациите од постосумдесеттите години во Кина“ е новото издание на друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје.

Оваа антологија содржи 16 раскази од генерација кинески писатели родени во 80-те години на 20 век и потоа, како и критички вовед од приредувачите. Таа е прва од ваков вид на странски јазик, односно наменета за читателите надвор од Кина.

Расказите се избрани врз основа на два критериума: широката распространетост и прифатеност на делата и на авторите и нивното значење за запознавање и изучување на современата кинеска литература и општество. Антологијата е отворен прозорец за надворешниот свет за делата на оваа генерација и за урбаниот живот на младите во современа Кина.

„Постосумдесеттите“ го означува и животниот стил на оваа „нова генерација“ во урбаната Кина, која делумно се карактеризира со потрошувачка, хедонизам и потрага по космополитски идентитет во глобалната ера. Повеќето раскази се живописни прикази за овој животен стил. Книгата помага за разбирање на субјективноста и на начинот на живот на оваа кинеска генерација, односно на новата урбана генерација на Кина.

Приредувачи на антологискиот избор се Генг Сонг, Ќингсианг Јанг, а преводот од англиски на македонски јазик е на Сибел Ајдинова.
Приредувачите се меѓународно водечки научници од областа на современата кинеска литература, културни студии и преведувачки студии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *