BeReal е дизајнирана да ја промовира автентичноста на објавите и нема достапни било какви филтри или пак видливи бројки на следачи. Накратко, не нуди никаква подготовка пред да објавите фотографија. Главната идеја е споделување на спонтани моменти од секојдневието.
Моментално апликацијата има нешто повеќе од 73 милиони корисници. Кога беше лансирана во 2020 не доби некоја позначителна популарност, сѐ до 2022 кога работите се променија драстично, во корист на ново-создадената француска апликација.
BeReal бара од корисниците да направат слики во формат со две камери(предна и задна), сѐ со цел да се долови моменталното опкружување на корисникот. Корисниците немаат можност за уредување на сликите или додавање на било какви филтри, со кои би ја “нашминкале” сликата. Дополнително, видеата не се формат на содржина наменет за оваа апликација.
Еднаш дневно во случајно време(секој ден е во различно време), корисниците добиваат известување да направат фотографија од нивната тековна активност во рок од две минути и да ја објават на апликацијата. Фотографијата ја прикажува моменталната состојба и околина на корисникот, а тие можат да додадат наслов пред да го споделат со избраната публика (пријатели или сите) и да го зачуваат на својот уред. Меѓутоа, ако се сподели надвор од временската рамка од две минути, другите корисници ќе видат белешка што го покажува тоа. За да ги можат да ги гледаат фотографиите на другите, корисниците мора прво да објават своја фотографија за тој ден.
Откако корисникот ќе објави своја слика за тој ден, тој ќе може да ги гледа сликите на другите и да реагира на истите. Коментирањето е можно, само доколку двајцата корисници се пријатели меѓу себе, а реакцијата е овозможена за секој оној кој може да ја види фотографијата. Секоја фотографија објавена од страна на корисникот, автоматски се архивира, така што корисниците можат да се потсетуваат на своите мемории.
Според политиката на приватност на апликацијата, тие го следат францускиот закон кога обработуваат лични податоци. Бидејќи Франција е членка на ЕУ, корисниците кои користат технологија базирана на ЕУ подлежат на најстрогите светски прописи за лични податоци. Во суштина, BeReal мора да биде транспарентен за типот на податоците што ги собира, како се користат и колку долго се чуваат, а сето тоа е јасно прикажано на директна табела во нивната политика за приватност.