Сутерен.мк

Нова јапонска диета

Јапонскиот лекар Хитоши Ватанабе, обидувајќи се долго време да ги симне вишокот килограми безуспешно, со својата сопруга фармацевт, развил сопствена метода за слабеење.

Диетата, која за кусо време стана светски хит, се базира на многу скромен појадок, една свежа банана и чаша млака вода и тоа е се што смее да се изеде до ручекот.

Ватанабе тврди дека комбинацијата на банана со топла вода го забрзува метаболизмот и процесот на согорување на мастите е поинтензивен.

Доколку ви здодее секое утро да појадувате една банана (или две помали), докторот вели дека можете да ја замените повремено и со друго овошје, овесна каша или несолен, варен ориз, но битно е порцијата да не преминува двесте калории.

Секако, најдобро е кога е банана во прашање, но таа не смее да биде презреана, смрзната или термички обработена.

Во останатите оброци можете да уживате на вообичаен начин. Сепак, постојат неколку препораки до кои е пожелно да се придржувате:

  • Немојте да се прејадувате.
  • Вечерајте најдоцна до 20 часот.
  • Доколку сте гладни вечерта, може да изедете некое овошје, но најдоцна два часа пред спиење.
  • Десертите се исклучени од менито, а ако копнеете по нешто слатко, тоа  е најдобро да го конзумирате како засебна ужинка околу 13 часот.
  • Пијте многу вода и други течности. Водата треба да биде топла и најдобро е да се пие во мали голтки. После оброците пијте само вода. Кафе, чај, цеден сок или алкохол (повремено) се дозволени меѓу оброците.
  • Бананите не треба да бидат многу зрели, со темни дамки. Од презреани, подобар избор се зелени банани.

Извор…

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *