Сутерен.мк

Како вселената влијае на човечкото тело?

Во истражувањето учествувале 14 астронаути и три астронаутки, кои останале во вселената по околу пет месеца.Научниците се согласуваат дека престојот во вселената е голем предизвик за човечкото тело.

„Астронаутите доживеаја значително губење на коскената маса за време на шестмесечните вселенски летови, вид загуба што би очекувале да ја видиме кај постарите возрасни лица во текот на две децении на Земјата, додека вратија само околу половина од изгубеното една година по враќањето“, рече професорот Ли Габел од Универзитетот во Калјари, главен автор на студијата.

Резултатите од студијата покажуваат дека дури девет астронаути неповратно изгубиле дел од коскената маса.

– За време на летот во вселената, коскените структури стануваат потенки и на крајот некои од нив се одвојуваат една од друга. Кога астронаутот ќе се врати на Земјата, преостанатите коскени врски може да се згуснат и зајакнат, но оние што се одвоиле во вселената не можат повторно да се спојат и обноват, со што коскената структура на астронаутот останува трајно изменета – објасни Габел.
Ако земеме предвид дека НАСА ќе испрати луѓе на Месечината во 2025 година, што е увертира за мисија на Марс, тогаш е многу важно да се открие како микрогравитацијата влијае на човечкото тело.

– Зрачењето е и голем здравствен проблем за астронаутите, бидејќи колку повеќе се оддалечуваат од Земјата, толку е поголема изложеноста, што го зголемува ризикот од рак – предупреди Габел.

Едно е сигурно, колку подолго астронаутите поминуваат време во вселената, толку е помала веројатноста дека нивните коски ќе закрепнат.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *