Сутерен.мк

Новинари може да добијат и по 10 години затвор

Десетина македонски новинари може да завршат в затвор за откривање на детали од договорот со Бехтел и Енка, за кој првиот вицепремиер Артан Груби тврди дека се тајна.

Доколку е вистина тоа што го говори Груби, јавното обвинителство по службена должност треба да покрене истрага и да гони новинари кои деновиве објавиле информации од договорот за кој вицепремиерот вели дека е државна тајна.

Груби денеска рече дека договорот со Бехтел Енка не смее да биде објавен затоа што е државна тајна со што државниот обвинител Љубомир Јовески мора да гони повеќе новинари кои оваа тајна ја објавиле.

Според законот во зависност од видот на тајната новинарите, може да добијат и до 10 години затвор за информации од договорот кои ги објавиле, а кои ги крие Владата, чиј прв вицепремиер е Груби.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *