Сутерен.мк

Нови протести во Франција

Нови протести против пензиската реформа на емануел макрон..Француските синдикати денеска повторно повикаа на штрајкови и протести ширум земјата против постепеното зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.

Обвинуваат дека на грбот на народот, влада сака да ја затвори финансиската дупка која ја направила во пензискиот фонд. Властите очекуваат на протести да учествуваат од 400 до 600 илјади лица, а за безбедноста се ангажирани преку 11 илјади полицајци и жандарми.

„Ова би можело да биде добра можност за уставниот совет да го модификува текстот. Тоа би можело да им ги реши проблемите на Емануел Макрон и Елизабет Борн но исто така и да ги смири синдикатите. Може да овозможи сите да се вратат на преговарачката маса со цел да се најде подобар начин како да се продолжи со пензиските реформи. “

Иако францускиот претседател порача дека очекува реформата да стапи на сила до крајот на годината, плановите може да му ги промени уставниот суд на земјата кој утре треба да ги каже резултатите од разгледувањето на предлогот за реформи…Францускиот уставен суд може делумно или целосно да ја поништи пензиската реформа но исто така може и да ја прогласи за уставна.

А се чини дека емануел макрон, покрај во франција, во моментов не е омилен ниту во холандија…Откако за време на говорот во Хаг, францускиот претседател постојано беше исвиркуван, обезбедувањето на макрон мораше да реагира за да спречи и да го совлада демонстрантот кој трчаше кон францускиот претседател додека Макрон пристигнал на настан на Универзитетот во Амстердам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *