Сутерен.мк

Нови студии за потеклото на Ковид-19

Две засебни студии покажуваат дека почетоците на Ковид-19 може да се поврзат со пазарот Хуанан, во Вухан, Кина. Според едната е дојдено до заклучок дека вирусот се појавил кај продавачите на живи животни, за храна. Според другата, преносот од животно на човек се случил доцна во ноември 2019-та или рано во декември истата година, а по неколку недели е забележан и првиот таканаречен кластер…

И двете групи истражувачи тврдат дека потеклото на вирусот од лабораторија е теза која треба да се исфрли и осуди и дека многу докази, вклучително и двете нови студии, го лоцираат Вухан како место каде заразата почнала да се шири. Така, теориите за лабораториски произведениот вирус веќе треба да се заборават, со оглед на тоа што две години сме во состојба на пандемија.
Мајкл Вороби, еволутивен биолог на Универзитетот во Аризона и коавтор на двете студии, изјави за весникот:

„Кога ќе ги погледнете сите докази заедно, извонредно е јасна слика дека пандемијата започна на пазарот Хуанан“.

Постоењето на коронавирусот постојано се поврзува со пазарот Хуанан, а сите кои први се заразија или биле на тој пазар или во контакт со друго лице кое го посетило тој период. На површините уште во тоа време беа пронајдени генетски материјали поврзани со сарс-ков-2, па дури и во аквариуми и кафези каде што биле чувани животните за продажба.

„Посредник“ во преносот веројатно било таканареченото ракунско куче, кое е позната раса во Азија (куче кое има физички карактеристики на ракун) или пак, друг цицач кој се заразил од лилјак или друго животно, па го пренел на човекот.

Студиите објавени во саботата беа коавторство на научници од САД, Јужна Кореја, Сингапур, Малезија, Австралија, ОК (Оксфорд, Единбург и Глазгов), Канада, Холандија и Белгија.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *