Сутерен.мк

Носењето брада и коронавирусот

Кога е во прашање пандемијата со коронавирусот носењето на брада може да биде клучна за ефикасноста на маската на лицето.

Важен дел на носењето маска, за да се намали ризикот од зараза или ширење на коронавирусот е таа да е добро прилепена. Во зависност од должината и густината на брадата, експертите велат може да биде намалена ефикасноста на носењето на маска, така што се создава повеќе простор помеѓу лицето и самата маска, пишува Си – Ен – Ен. Всушност, секој отвор ја зголемува шансата за продор на вирусот.

Носењето на маска не ја спречува во целост инфекцијата, но може да помогне во ограничувањето на ширењето на потенцијалните вирусни капки меѓу луѓето. Употребата на маска може да го намали бројот на нови инфекции со коронавирусот за речиси педесет отсто, покажаа студиите од декември минатата година.

Бричењето на брадата може да биде удар за вашата самопочит, самоизразување, верските или културните убедувања… Па, ако бричењето на брадата не ви одговара, алтернативата е нејзино скратување, но и користење на многу поголеми маски кои ја опфаќаат целосно брадата и делумно вратот.Носењето на две маски исто така може да помогне, со тоа што втората маска треба да биде добро прицврстена за да покрие се што не успеала првата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *