Сутерен.мк

Овошјето ни стана луксуз

Овошјето стана луксуз. Тезгите полни, но цените високи. Граѓаните разгледуваа, но малкумина одлучуваа и да купат. Килограм диња чини 100 денари. Ако претходните години, лубеницата се продаваше по 15 денари за килограм , ова достигнува и до 40 денари. Со високи цени се и праските и кајсиите. Килограм чини од 100 до 150 денари. Цената на сливите шак достигна и до 80 денари за килограм. Прескапо е, но некогаш мора и тоа да се купи, велат граѓаните кои ги затекнавме на еден од скопските пазари. Ако порано се враќале со полни торби, сега тие се полупразни.

Лубеница од 35 до 40 денали за килограм

Диња – 100 денари килограм

Праски од 100 до 120 денари за килограм

Кајсија од 120 до 150 денари за килограм
Сливи – 80 денари за килограм

Трговците признаваат – цените на овошјето, но и на зеленчукот се значително зголемени. Не очекуваат наскоро да паднат. Причината за ваквата состојба ја гледаат во тоа што повеќе нема кој да работи земјоделие.

-Тие што работеа земјоделие или остареа или изумреа, младите не работата, мислат дека компјутерот се дава. За да имаме овошје и зеленчук, треба мотика. Дополнително климата влијае на производството, вели Насер Исмаили- трговец.

И од последниот извештај на статистика може да се забележи дека најголем скок на цените има токму кај овошјето. За еден месец поскапело за речиси 10 отсто.

Статистика измери и 8, 4 проценти инфлација. Трошоците за живот во јули се намалени, но потрошувачката кошница и натаму е висока. Според анализите на синдикатите на едно четиричлено семејство за да го помине месецот, му се потреби речиси 50 илјади денари.

Половина од парите се трошат за храна и пијалоци. Власта пак тврди инфлацијата паѓа, мерките дале резултати. Експертите пак не се сложваат со ова. Велат, намалување има затоа што цените на глобалните пазари во моментов се стабилизирани. Од септември пак се очекува со законот за ДДВ кој е во Собрание да поскапат и низа други производи. Листата на продукти кои ќе се даночат со 10, наместо со 5 отсто е долга.

Експертите со предупредување, ако од есен има потреба да се интеревира, власта да внимава какви мерки ќе донесе како заштита од ценовни притисоци.

 

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *