Сутерен.мк

Одложена регистрацијата на бугарскиот клуб во Пустец

Од страна на бугарската Фондација Македонија, на социјалните мрежи е објавено дека денеска во Пустец, Мала Преспа, нема да се случи отворање на бугарски културен клуб.

Од Фондацијата доцна синоќа на фејсбук објавија дека ќе чекаат регистрација на клубот во албанските надлежни институции, па потоа ќе организирале свечено отворање.

“Поради одложена регистрација на Бугарскиот културен клуб утре го откажуваме свеченото отворање, но заедно во 13 часот ќе го прославиме 24 мај, денот на бугарската писменост“, стои во објавата.

Бугарите се тука во Пустец да го одбележат нашиот национален празник – 24 ти Мај – Денот на бугарската писменост – во нашата зграда во селото, е напишано од страна на бугарската фондација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *