Австралиската актерка (која до крајот на годината ќе ја видиме во две костимирани драми, „Амстердам“ и „Вавилон“) моментно работи на филмот „Барбика“, во кој ја игра главната улога. Овој филм на Грета Гервиг премиерата ќе ја има на 21 јули 2023 година, а додека ја чекаме Марго Роби со новите улоги во кината, интересно е да се види списокот на нејзините омилени книги. Таа вели дека првата книга што ја прочитала во животот била „Хобит“ на Толкин, а другите што ја импресионирале, следат подолу…
„Хобит“, Џ. Р. Р. Толкин
„хари Потер и каменот на мудроста“, Џ. К. Роулинг
„Петмина пријатели“, Инид Блајтон
„Тајните седумина“, Инид Блајтон
„Ненси Дру“, Керолин Кин
„Сонцето повторно се раѓа“, Ернест хемингвеј
„Да се убие птицата што се потсмева“, Харпер Ли
„Дина“, Френк Херберт
„Easy riders, raging bulls“, Питер Бискинд
„Магионичари“, Лев Гросман
„Петтемина кои ќе ги сретнете на небото“, Мич Албом
„Животни“, Ема Џејн Ансворт