Еден од најголемите фестивали на скулптури во мраз и снег на светот, што се одржува по 37 – ми пат е деновиве отворен во кинескиот град Харбин.
На него се претставени високи објекти од мраз и снег, а се организираат и активности како санкање, хокеј и фудбал на мраз, брзо лизгање, алпско скијање…
Најголемиот дел од туристите ќе бидат домашни, заради ограниченоста на движење на граѓаните поради пандемијата.