Сутерен.мк

10-те најдобри филмови во 2020 –та!

Според City Magazine, ова е листата на најдобро оценетите и најмногу коментираните филмови од страна на интернет корисниците и филмските критичари!

  • „DA 5 Bloods“

Филмската приказна за четворица афроамерикански ветерани од војната во Виетнам ја режираше Спајк Ли.

  • „Никогаш, ретко, понекогаш, секогаш“

Режисерката Елиза Хитмен сними драма за 17 – годишна бремена адолесцентка, која има намера да абортира без знаење на родителите.

„Тенет“
  • „Тенет“

Возбудливиот научнофантастичен филм со многу комплицирана приказна е на прославениот режисер, Кристофер Нолан.

  • “Судењето на 7 – мината од Чикаго“

Што се случува кога на клучни места поставуваме некомпетентни водачи? Аарон Соркин дава одговор.

  • „Земја на номади“

Клои Жао го доби златниот лав во Венеција за животната приказна за средовечната вдовица која е модерен номад.

„Манк“
  • „Манк“

Биографската драма за холивудскиот сценарист Херман Џејкоб Манкевич ја режираше Дејвид Финчер.

  • „Се мислам да ставам крај“

Чарли Кауфман сними уште еден чуден филм. Повеќето се согласуваат дека е фасцинантен, но баеги е и збунувачки!

  • „Гнездо“

Многумина мислат дека Шон Даркин снимил филм во кој ништо не се случува, но присуството на Џуд Ло е доволна причина да се види филмот!

„Lovers Rock“
  • „Lovers Rock“

Стив Меквин повторно сними филм за животот на емигрантите од Карибите во Велика Британија во текот на ’60-тите, ’70-тите и ’80-тите години на минатиот век.

  • „Првата крава“

Обидот за остварувањето на американскиот сон на двајца пријатели во 1820 година во САД, го екранизираше Kelly Reichardt.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *