Серверите на Нетфликс ноќеска не функционираа извесно време, што предизвика прекин или застој на платформата за илјадници корисници во САД, Канада, Европа и Кина. По неколку часа проблемот беше отстранет од популарната адреса за „видео на барање“!
Платформите како Нетфликс се поврзани на Интернет и користат масивни сервери за да ги пуштат своите видео содржини во етерот, што предизвикува густ сообраќај. Меѓутоа, ако еден од серверите или неговата мрежа не функционира или падне, сето тоа се урива и се речиси неупотребливи за стриминг.
Повеќето корисници се жалеа за бавен или ограничен пристап до платформата.
Нетфликс засега не го коментираше прекинот на услугата.