Сутерен.мк

Фудбалски тренер злоставувал момчиња!

Поранешен фудбалски тренер е прогласен за виновен за сексуално злоставување на момчиња во период од 30 години!

Дејвид Хјуз, 66-годишник од јужен Лондон, обвинет е за 10 случаи на напад врз три момчиња на возраст од осум до 13 години и два сексуални напади врз момчиња на возраст од 13 до 15 години. Тој е обвинет и за два случаи во кои ги убедувал момчињата да имаат сексуален однос, пренесува Indipendent.

Првите 10 прекршоци се случиле помеѓу 1988 и 1995 година, кога Хјуз бил вработен како младински работник во Њу Едингтон и работел како волонтерски фудбалски тренер, соопштила полицијата. Понатамошни прекршувања биле извршени во 2017 и 2018 година.

Тој им давал разни подароци на малолетните 13-годишни момчиња, како што се фудбалски копачки и дресови, пред да го изврши злосторството.

Еден напад врз момчиња се случил за време на кампување, а тој однел друго момче во кино за да го гледа „Паркот Јура“ и таму го малтретирал.

За време на апсењето, во негова куќа била пронајдена торба полна со детска долна облека.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *