Сутерен.мк

Парагвај потпишал договор со фантомска држава

Парагвајски функционер е сменет поради потпишување на меморандум за соработка со кој се препорачува воспоставување дипломатски односи со непостоечка земја.

Арналдо Чаморо, секретар на кабинетот во Министерството за земјоделство, вчера изјави за новинарите дека е отпуштен затоа што во октомври потпишал договор со делегацијата на „Соединетите држави Каиласа“, наводен остров лоциран северно од Јужна Америка.

„Дојдоа и изразија желба да му помогнат на Парагвај, презентираа неколку проекти, ги слушавме и толку“, изјави Чаморо и призна дека бил измамен. Двајцата „пратеници“ дури накратко ги прими и самиот министер за земјоделство.

Во меморандумот, поранешниот секретар на кабинетот му честита на „почесниот Нитјананда Парамашивам, суверен на Соединетите Држави Каиласа за неговиот придонес во хиндуизмот, хуманизмот и Република Парагвај“ и препорачува „Владата на Парагвај активно да размислува за воспоставување дипломатски односи со Сојузните Држави на Каиласа и го поддржуваат нејзиниот прием во меѓународните организации, вклучително и во Обединетите нации“.
Парагвајските медиуми открија дека „суверенот“ од Каиласа е всушност индиски државјанин кој е во бегство од правосудниот систем на својата татковина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *