Фејсбук с(р)еќавања…
Како и во секој друг сегмент од животот, ако една формулација на закон функционира во некој дел од светот, не значи дека и кај нас ќе го има истиот ефект. Малку посмирено и поприземно на истото, ќе даде повеќе резултати.
Секако дека треба да има „Парада на гордоста“. На тие луѓе им е лошо и мораат да го кажат тоа. Како и сите останати на кои им е лошо. (Секако дека не мора да се вика –парада.)
И секако дека пораката е – љубовта кон животот е над се.
Што пречи? Самото парадирање. Иритира и самиот збор, а не пак, „акциите“ и реквизитите што ги користат. Протест ли е или, искривена копија на некој карневал?! Дали е ова начин на борба или ревија преполна со вулгарно перчење и дрскост?!
Геј популацијата има мноштво проблеми, но ниеден нема да решат со ефтини провокации. Кон нив се однесуваат садистички, но со нивниот мазохизам нема да постигнат, ама баш ништо.
Дали ЛГБТ заедницата има навистина намера да се избори за нечии/своите права или само сака да стане бренд?! Односно, да го освои најдобриот простор и внимание. Зошто толку арогантно и агресивно бараат со закон да се гони „хомофобијата“ т.е. секој што не им е наклонет, да биде казнет поради тоа?
Дали се согласувам со Парадата? Не. Не се согласувам со никакви паради. Сето тоа ме асоцира на воени петлеења, слетови, организирани дешавки, што треба да испратат до некого закана, застрашување.
Дека некој е моќен, дека му се може и дека ти, таков – никаков, си беспомошен во врска со тоа. И, затоа што како и во сите вакви, „воени“ редови постојат „борци“ на кои им е здодевно кога никој не им се спротиставува.
ЛГБТ заедницата е дел од нашиот живот, воопшто. Отсекогаш постоеле и ќе постојат. Во човечкиот и во животинскиот свет. Живејте со тоа. Меѓутоа, доколку сакаш некој да те прифати, мора и да му помогнеш во тоа. Мислам, ако тоа ти е навистина целта…
Затоа што, постои уште еден момент: политичките хомосексуалци. Тие заработуваат од својата сексуална ориентација – ја наплатиле преку разни организации, лобирања и, парадата! Па логично, кога нема судир, за нив нема ни пари.
Има некој право да парадира? Па, има некој право и да биде против тоа парадирање.
П.с.
Не ги злоупотребувајте децата. Мене ми е срам што не знам да им ја објаснам Питагорината теорема, а не па, зошто двајца мажи се јаваат на сред бел ден, на сред плоштад. (Настрана што злоупотребата на малолетници во промовирањето на хомосексуализмот е вовед во промоција на педофилија.)
П.с.с.
(Патем, на Нова година – оваа година, во „Дестан“ на плоштад, момче и девојка се бакнуваа. Персоналот ги замоли да си заминат. Пречеле на „сериозните, пристојни и фамилијарни гости“?! Па сега вие видете каде и особено, како убедувате.)